Објавено на:

Трамп: Иран требаше порано да преговара

t

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада дека Иран сака да ги намали тензиите во конфликтот со Израел, но дека можеби е предоцна за преговори.

Кога новинарите го прашаа дали видел или добил пораки преку посредници дека Иран сака да ја деескалира ситуацијата, Трамп одговори: „Да, тие сакаат да разговараат, но требаше да го сторат тоа порано. Иран не ја добива оваа војна“.

Трамп се појави пред печатот заедно со канадскиот премиер Марк Карни.

Во своето обраќање, тој рече дека Иран покажува интерес за преговори и смирување на конфликтот со Израел, кој го опиша како „болен за двете страни“.

„Треба да почнеме да разговараме сега, пред да биде предоцна“, рече Трамп.

На прашањето што би било повод за вмешаност на американската војска, Трамп одговори остро: „Не сакам да зборувам за тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…

Трамп: Иран доживува целосен колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…

Иран со закана за земјите кои ќе…

Иран се закани со одмазда против секоја…

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…