Објавено на:

Трамп: Решавањето на украинскиот конфликт е поблиску отколку што мислат луѓето

t

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека решавањето на конфликтот во Украина е „поблиску отколку што луѓето сфаќаат“ и оти за тоа прашање ќе разговара на Самитот на НАТО во Турција. Тој додаде дека и Москва и Киев се посветени на решавање на конфликтот во Украина.

– Претседателот Путин сака ова да заврши. Ви го кажувам ова многу категорично, истакна Трамп.

Американскиот претседател посочи и дека за време на викендот имал добар телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин.

– Тој сака да заврши ова. И Украина сака да заврши ова. И ние преговараме, посочи Трамп, при тоа додавајќи оти и украинскиот претседател Володимир Зеленски „сака ова да заврши сега“.

Трамп изрази оптимизам дека на претстојниот Самит на НАТО во Анкара ќе биде изнајдено решение за завршување на војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првични информации после силниот земјотрес што ја…

Најмалку 20 луѓе загинаа во силниот земјотрес…

Пазешкјан разговарал со Моџтаба Хамнеи седум часа

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…

60 пијани возачи се казнети за само…

Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…

Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…

Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…

Талогот на СДС повторно се појави. Овој…