Трамп: Ши ми рече дека Кина нема да испраќа воена опрема во Иран
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека кинескиот претседател, Ши Џинпинг, му кажал дека Пекинг нема да испраќа воена опрема во Иран и дека ја поддржува идејата Ормускиот Теснец да остане отворен, јавува Анадолија.
Трамп, во интервју за „Фокс њуз“ по состанокот со Ши во Пекинг, изјави дека Кина не е против САД и дека разговорите биле конструктивни.
„Кога велите ‘поддршка’, тие не војуваат со нас или нешто слично“, рекол Трамп.
Тој додал дека Ши му кажал оти Кина нема да испраќа воена опрема во Иран.
„Тоа е голема изјава“, нагласил Трамп.
Според неговите зборови, кинескиот лидер исто така изразил интерес Ормускиот Теснец да остане отворен, бидејќи Кина увезува големи количини нафта од регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Ши ми рече дека Кина нема…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека кинескиот…
Синоќа се запалила печка во фабрика во…
На 14.05.2026 во 02:30 часот во СВР…
Наскоро ќе му се суди на судијата…
аскоро ќе стартува судскиот процес против апелациониот…
Тошковски: Сите лажни пораки за плаќање казни…
Сите лажни пораки, кои ги добиваат граѓаните,…
Одземен е пасошот на претседателот на судот…
Од Кривичниот суд информираат дека е одземен…