Наскоро ќе му се суди на судијата Ѓоко Ристов, обвинението е позитивно оценето
аскоро ќе стартува судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов, бидејќи Кривичниот суд позитивно го оцени обвинението.
-Предметот е распределен кај судија, информираа од Кривичниот суд.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција пред еден месец го поднесоа обвинениеро против Ристов, во чиј семеен дом беа пронајдени 350.000 евра сокриени во ѕид.
Обвинението следуваше по признанието на адвокатот Фехми Стафа, кој се спогоди на казна затвор од една година и три месеци, бидејќи земал поткуп од 50.000 евра, со кој требало да влиае кај судијата Ристов за укинување на притвор на неговиот клиент Љупчо Пецов- Ѓаволот.
-Во текот на детална истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги обезбеди сите докази кои ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинето лице што врши јавни овластувања – адвокат побарал вкупно 100.000 евра, а на 13.12.2025 година директно примил износ од 20.000 евра за да посредува со искористување на своето реално влијание врз судија од Апелациониот суд Скопје за укинување на мерка притвор определена кон лице кое тогаш било недостапно на органите на прогонот, информираа тогаш од Обвинителството.
Претходно од Обвинителството соопштија дека судијата лично ги заѕидал 350.000 евра во семејниот дом на неговите родители.
Обвинителката Искра Хаџи Василева појасни дека има негова ДНК на фолијата во која биле завиткани парите, а тоа го докажало вештачењето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови санкции од ЕУ за Русија на…
Европската Унија планира значително да ги прошири…
Роналдо: Ова е мојата последна сезона во…
Кристијано Роналдо ексклузивно проговори за пензионирсње во…
Денес почесна артилериска стрелба по повод Денот…
На 17 август 2026 година (понеделник), со…
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…
Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…
Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…