Тошковски: Сите лажни пораки за плаќање казни за сообраќајни прекршоци стигнуваат од странски броеви
Сите лажни пораки, кои ги добиваат граѓаните, а кои се однесуваат дека извршиле некаков сообраќаен прекршок за кој треба да платат казна стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи, туку некој што се обидува на нелегален начин да ги измами граѓаните, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Само интервју“ за Канал 5.
-Во однос на фишингот, односно лажните пораки што ги испраќаат до македонските граѓани, упатив една порака и претходно. Значи, од македонски број не може да стигне лажна порака за да платите на ова или на тоа. Сите оние лажни пораки стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи, туку некој што се обидува на нелегален начин да ги измами граѓаните. Повторно опозицијата, со дрзок обид за искривување на реалноста, нападна дека токму поради тоа не го поддржале. Тие не можеа да смислат каков проблем би можел да произлезе во иднина, а реално не е проблем што го нема која било друга институција во светот што на електронски начин остварува одредени права или услуги – рече Тошковски.
Министерот додаде дека земјава мора да го следи технолошкиот развој, кој се случува во другите земјии да се примернуваат технолошите решенија, што ги нуди 21. век.
-Светот мора да се развива, мора да одиме напред. Но тоа не значи дека не треба да ги применуваме сите овие нови технолошки решенија што ни се нудат во 21 век. Што треба сега? Да останеме пред два века? – додаде Тошковски.
Тој нагласи дека секогаш кога има фишинг напади должни се навремено да ги информираат граѓаните
-И повторно напоменувам, кога станува збор за странски број што упатува таков тип порака, „платете тука“ или „платете онде“, тоа треба да се игнорира, затоа што станува збор за измама – додаде Тошковски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…