Траорно: Во воздушен напад погодена детска болница во Мариопол – има луѓе под урнатините
Во руски воздушен напад погодена е детска болница во Мариопол, соопшти денеска советот на градот, наведувајќи дека сè уште не е познато дали има жртви во нападот.
Градските власти тврдат дека неколку бомби се фрлени врз болницата и дека штетата е голема.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски, на Твитер објави видео од оштетената детска болница.
Мариупол. Директен удар на руските сили врз породилиште. Луѓе, деца се под урнатините. Ѕверство. Колку долго уште светот ќе биде соучесник игнорирајќи го овој терор? Затворете го небото веднаш! Запрете ги убивањата. Имате моќ, но се чини дека ја губите човечноста, објави на Твитер Зеленски.
Москва, демантира дека цивилни објекти се цел на руските воени операции во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кумановската болница повторно остана без вода
Кумановската болница повторно остана без вода поради…
(Фото) Кумановската болница повеќе од 48 ЧАСА…
Кумановската болница повеќе од 48 часа е…
Едниот бубрег му е речиси целосно откажан…
Велешанецот Боре Видевски, кој е еден од…
Таравари очекува доизградбата на новата болница во…
Министерот за здравство Арбен Таравари при денешната…
Затвореник се повредил во Идризово – починал…
Осуденик се повредил во затворот во Идризово,…