Затвореник се повредил во Идризово – починал во болница

t

Осуденик се повредил во затворот во Идризово, па бил пренесен во болница по што починал, информира МВР.

– На 27.08.2024 во 12.35 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово во Скопје било пријавено дека околу 12.00 часот во установата, во просторија за посети, нивниот осуденик Д.Ф.(35) од Скопје искршил стакло и се повредил, по што почнал обилно да крвари, а на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза” починал. Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во „Идризово“ починал затвореник

Затвореник од Неготинско вчера починал во затворот…

Двегодишно дете затруено со лекови, хоспитализирано во…

Двегодишно дете од кумановско село било донесено…

Затвореник почина од струен удар во Идризово

На 29 август 2026 година во 14:43…

Бебе од Куманово заврши во болница по…

Четиринаесетмесечно дете од Куманово било хоспитализирано откако…

Малолетник со мотор удрил во 74 годишна…

На 02.06.2026 во 11:00 часот во ОВР…