Триесет дена притвор за четворицата осомничени за убиствата во Хром и Ѓорче Петров

t

Четворицата осомничени за двојното убиство во скопската населба Ѓорче Петров остануваат во притвор, откако Кривичниот суд во Скопје денеска им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Претходно, на осомничените им беше одреден краткотраен притвор од 48 часа, а со новата одлука на Судот тие ќе останат во притвор додека продолжува истрагата за случајот.

-Во однос на убиствата во Ѓорче, за кои беа осомничени 4 лица кои беа во 48 часовен притвор, денеска им е продолжен за 30 дена, информираат од Кривичниот суд.

Неофицијално тројца го признале делото, додека струмичанецот тврдел дека бил само возач и не знаел за убиствата.

Во врска со случајот, на 28 октомври Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле лишени од слобода четири лица – А.С. (22), Х.Е. (20), К.А. (58), сите од Скопје, и М.Р. (26) од Струмица, кои се сомничат за две кривични дела „разбојништво“ со последица смрт, извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров.

По двете убиства во Ѓорче Петров, од МВР велат дека континуирано преземаат мерки за заштита на личната и на имотната сигурност на граѓаните, со особено внимание кон повозрасните лица, особено оние кои живеат сами. Бараат соработка од соседите за грозоморните убиства.

76-годишната жена била пронајдена мртва од својата ќерка во домот во населбата Мирче Ацев. Пет дена претходно, во стан во Хром бил пронајден мртов 62-годишен маж, со видливи повреди и траги од насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Триесет дена притвор за четворицата осомничени за…

Четворицата осомничени за двојното убиство во скопската…

Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Побаран притвор за 19 годишникот од село…

Обвинителството соопшти дека наредило обдукција на телото…

Ја влечел, па ја удирал со шлаканици,…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и…

Шестмина во притвор, четворица во куќен притвор…

Шест лица одат во притвор, осомничени за…