Трупови на луѓе еден врз друг, телото на брат ми го најдов на влезот, го познав по тетоважите – Продолжуваат потресните сведоштва за „Пулс“
Телото на брат ми го најдов на влезот од дискотеката, некој го изнесол, го познав по тетоважите и го однесов во болница, но беше доцна. Ова беше дел од сведочењето на Кристијан Панов, брат на Андреј кој загина во кочанската трагедија. Тој дошол вечерта околу 2.20 на роденден кај другар. Кога се случил пожарот тој излегол да запали цигара.
– Излегов надвор, ја запалив цигарата, немаше никој да излезе 30 – 40 секунди, а потоа сите трчаа, настана стампедо кој колку можеше помагаше. Имаше трупови од луѓе еден врз друг. Пред вратата и надвор на скалите се заглавија меѓу двете врати на дискотека се заглавија. По 20 минути откако се расчисти стампедото влегов внатре и го барав брат ми. Му побарав лампа на еден пожарникар, но немаше. Го извадив телефонот светев и додека го барав падна нешто врз мене, се распрсна. Морав да излезам и потоа брат ми го најдов на самиот праг. Имаше доста тела ниедно немаше свест, јас ги тргав телата барајќи го мојот брат, но беше доцна. Тој веќе беше надвор на прагот, го извлеков само,го видов го познав по тетоважите – сведочеше тој.
– Една медицинска сестра ми кажа дека во собата број два се тие што не дишат и дека е починат, рече тој и додаде дека потоа го реанимирал.
Во стампедото го видел еден од браќата Јованови, газдата Јованов или неговиот брат и му пружиле помош и го извлековме.
Кристијан бил првиот кој излегол во дискотеката, а кога излегувал на цигара, полицијата влегувала внатре. Една од полицајките го фатила за рака, но тогаш почнала да гори дискотеката и се оттргнал.
Во Пулс одел да помага како келнер за дневница од 1.500 денари, но ни тој,ни брат му, кој бил шанкер не биле вработени. Оделе на повика на газдата Деко.
Рече дека униформирана полиција одела некогаш, но имало и полицајци кои доаѓале како гости, а малолетници имало секогаш и не се реагирало.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трупови на луѓе еден врз друг, телото…
Телото на брат ми го најдов на…
Судијката ги предупреди родителите од Кочани: Ако…
Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“…
„Марш за ангелите“ во Кочани: Ќе бидеме…
Под силен емотивен притисок и со порака…
„Човечкиот живот не може и не смее…
По веста дека синот на газдата на…
Левица: Синот на газда Деко поднел приватна…
Михаил Јованов, синот на Дејан Јованов –…