Турската полиција заплени 350 килограми кокаин во пристаништето Мерсин
Турската полиција разби голем меѓународен синџир за шверц на дрога од Јужна Америка, откако во пристаништето Мерсин заплени 350 килограми кокаин пронајдени на товарен брод.
Според турските медиуми, акцијата претставува сериозен удар врз организираниот криминал и нелегалните рути за транспорт на наркотични средства кон Турција.
Турскиот министер за правда Акин Ѓурлек изјави дека борбата против нарко-мрежите ќе продолжи со несмален интензитет и порача дека нема да има толеранција ниту за трговците со дрога, ниту за организаторите и финансиерите на ваквите криминални активности.
Според првичните проценки, запленетата дрога има пазарна вредност од околу 26,6 милиони евра.
Во рамки на акцијата уапсени се девет осомничени лица, против кои е поведена постапка за кривично дело производство и трговија со опојни и стимулативни супстанции.
„Операцијата против трговците со дрога е спроведена како резултат на заедничката работа на Одделот за борба против наркотици при Полициската управа на Истанбул и Одделот за борба против наркотици и разузнавање при Полициската управа на Мерсин“, соопшти турската полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турската полиција заплени 350 килограми кокаин во…
Турската полиција разби голем меѓународен синџир за…
Трамп на Ирците им вети дека ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска, на крајот…
Нов метод за рафинирање на нафтата: Може…
Кинеските научници развија нов метод што ја…
Не очекува пријатно време цела недела: Услови…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
(Видео) Шега го задоцнила 4 часа летот…
На аеродромот во градот Монастир во Тунис,…