Објавено на:

Туск: Ненадејното отажување на трансферот на американски војници нема да влијае врз нашата безбедност

t

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека ненадејното откажување на трансферот на 4.000 американски војници во Полска нема да влијае на безбедноста на неговата земја.

„Добив гаранции, што е важно за мене, дека ова се логистички одлуки и дека тие нема директно да влијаат на одвраќањето и безбедноста на Полска. Полска беше, е и ќе биде најсигурен, најлојален сојузник, и за САД и за другите сојузници на НАТО“, рече Туск, кој денес ги посети единиците на граничната стража на истокот од земјата.

Туск нагласи дека сè е под контрола и дека нема причина за вознемиреност.

„Во врска со сигналите за можно намалување, ние сме во постојан контакт со Командата на американските сили, генералниот секретар на НАТО и можам да ги уверам сите. Со месеци очекуваме одлука во врска со Европа. Нашиот најважен, најблизок сојузник, САД, прави некои прилагодувања на политиката и е заинтересиран за други области и апелираше Европа да преземе поголема одговорност за безбедноста“, рече Туск.

Нервозата во Полска и Европа беше предизвикана од веста во американските медиуми дека Пентагон го суспендирал распоредувањето на 4.000 американски војници од базите во Тексас како дел од деветмесечна ротација, систем според кој поголемиот дел од приближно 10.000 американски војници се во Полска.

Полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак Камиш денес објасни дека ова ненадејно суспендирање на преместувањето е само дел од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го намали американскиот контингент во Европа за 5.000 војници.

„Затоа, некои други бригади може да бидат одвоени за распоредување во Полска. Во постојан контакт сме со Пентагон. Нема промени во бројот на американски војници, околу 10.000 за Полска“, изјави денес полскиот министер за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Туск: Ненадејното отажување на трансферот на американски…

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека…

Директорот на ЦИА во Хавана разговарал со…

Директорот на Централната разузнавачка агенција на САД,…

Аракчи: Иран секогаш ќе биде чувар на…

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи,…

Азески: Кризите носат смрт за бизнисот, најпогодени…

Геополитичките и регионалните кризи создаваат сериозна неизвесност…

Зеленски: Русија планира да ја нападне Украина…

Русија ги засилува напорите да ја вовлече…