Азески: Кризите носат смрт за бизнисот, најпогодени се секторите кои ја користат нафтата
Геополитичките и регионалните кризи создаваат сериозна неизвесност за стопанството, а недостигот на предвидливост е „смрт за бизнисот“, изјави Бранко Азески во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21.
Според Азески, во услови на постојани кризи сè потешко е компаниите да планираат и да опстанат на пазарот, поради што е неопходна сериозна анализа на ризиците со кои се соочува бизнис-заедницата.
„Крајно време е да се направи една дебела анализа, во која ќе се утврдат вистинските загрозувања на позициите на бизнисот. Ако бизнисот ги намалува ризиците и спротивставеностите во општеството, без него не можеме да одиме напред“, рече Азески.
Тој посочи дека најпогодени од актуелните состојби се секторите кои директно зависат од нафтата како основно погонско гориво.
„Најпогодени се оние сектори каде нафтата е клучна за функционирањето на бизнисот. По кризите од 2008 и 2016 година, ковид-пандемијата и енергетската криза, компаниите на некој начин се исчеличија и научија полесно да се справуваат со проблемите“, оцени претседателот на Стопанската комора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…