Објавено на:

Уапсен маж од Тетовско — подметнал пожар на нива

t

Жител на тетовското село Теарце вчера бил уапсен бидејќи подметнал пожар на нива, кој подоцна бил изгаснат од пожарникари.

„На 25.06.2026 во 12:00 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека настанал пожар на нива на регионалниот пат Тетово–Јажинце, во атарот на село Теарце, при што била опожарена сува трева. Пожарот бил целосно локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. По преземени мерки од полициски службеници било констатирано дека пожарот го предизвикал Г.Ц.(55) од с.Теарце“, соопшти МВР.

Осомничениот бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава за „предизвикување општа опасност“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…

„На Задушница не се заборава“: Се одржа…

На денот на Задушница, семејствата и блиските…

Пожар во куќа во кумановско Матејче, две…

Две лица завршија во болница откако вдишале…