Уапсен 26-годишник за силување дете, живеел во вонбрачна заедница со малолетничка иако знаел дека нема наполнето 15 години
Полицијата од Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон.
„Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна заедница, пријавениот неколку пати извршил обљуба врз неа иако знаел дека немала наполнето 15 години“, соопшти МВР.
26-годишникот е уапсен и ќе биде изведен пред судија од Основен суд Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен 26-годишник за силување дете, живеел во…
Полицијата од Радовиш до Основното јавно обвинителство…
Прегазен млад пешак во тетовско: возачот избегал…
22-годишен пешак е тешко повреден откако бил…
Пецаков по одлуката на УНЕСКО: Следува уште…
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, ја…
Над половина милион домаќинства во Холандија се…
Повеќе од половина милион домаќинства во Холандија…
Србија повторно во центарот на меѓународниот шверц…
Две големи пратки запленети во Либерија и…