Угнетени Бугари во недемократска Македонија: Трифонов тврди дека преку 100.000 Бугари се плашат да се декларираат како такви

t

Ако Македонија сака да биде дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора слободно да се дефинираат, напиша лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов на својот Фејсбук профил.

Тој реагира на официјалните информации на Државниот завод за статистика за пописот во земјава, според кои како Бугари во земјата се декларираат само 3.504 лица.

При објавувањето на резултатите Бугарите воопшто не беа споменати, а директорот на службата изјави дека тие ги претставуваат само етничките заедници кои се дел од македонскиот устав. При пописот во Македонија само 3.504 граѓани се изјасниле како Бугари, т.е. Бугари скоро и да нема. Сепак, повеќе од 100.000 бугарски пасоши се издадени на граѓани на Македонија. Само во последните две години, кога светот беше затворен од пандемијата, бугарски пасоши добија 16.692 граѓани на Македонија. А, според законите во Бугарија, државјанин на Македонија за да добие бугарски пасош, мора да го докаже бугарскиот корен. Така, над 100.000 граѓани на Македонија ги докажуваат своите бугарски корени во Бугарија, а во Македонија се плашат да се нарекуваат „Бугари“, пишува Трифонов.

Тој прашува зошто во една нормална, европска земја, како што тврди Македонија, човек би се плашел да каже што е тоа?

Затоа што ова не е нормална, европска земја. Зборувам само по логика – ако Македонија сака да биде нормална, европска земја, т.е. за да бидат дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора да можат слободно да се самоопределуваат и нивните права не смеат да бидат прекршени. Така што моето мислење е дека додека тоа не се случи, Македонија едноставно ќе биде дел од Западен Балкан, вели Трифонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професорката Котлар: Бугарите во Уставот, Македонците во…

Во услови кога Бугарија го проблематизира македонскиот…

Коментар на “Дојче веле”: Русите по природа…

Можеби секој народ има способност одвреме-навреме да…

Јотова: Нема причина да го тргнеме ветото,…

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова не гледа…

Спасовски открива дека МВР спречила хакерски напади…

„Ние сме прогласени од Русија за земја-непријател,…

Ковачевски најавува вметнување на Бугарите во Уставот…

Премиерот Димитар Ковачевски најавува вметнување на бугарската…