Угнетени Бугари во недемократска Македонија: Трифонов тврди дека преку 100.000 Бугари се плашат да се декларираат како такви

t

Ако Македонија сака да биде дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора слободно да се дефинираат, напиша лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов на својот Фејсбук профил.

Тој реагира на официјалните информации на Државниот завод за статистика за пописот во земјава, според кои како Бугари во земјата се декларираат само 3.504 лица.

При објавувањето на резултатите Бугарите воопшто не беа споменати, а директорот на службата изјави дека тие ги претставуваат само етничките заедници кои се дел од македонскиот устав. При пописот во Македонија само 3.504 граѓани се изјасниле како Бугари, т.е. Бугари скоро и да нема. Сепак, повеќе од 100.000 бугарски пасоши се издадени на граѓани на Македонија. Само во последните две години, кога светот беше затворен од пандемијата, бугарски пасоши добија 16.692 граѓани на Македонија. А, според законите во Бугарија, државјанин на Македонија за да добие бугарски пасош, мора да го докаже бугарскиот корен. Така, над 100.000 граѓани на Македонија ги докажуваат своите бугарски корени во Бугарија, а во Македонија се плашат да се нарекуваат „Бугари“, пишува Трифонов.

Тој прашува зошто во една нормална, европска земја, како што тврди Македонија, човек би се плашел да каже што е тоа?

Затоа што ова не е нормална, европска земја. Зборувам само по логика – ако Македонија сака да биде нормална, европска земја, т.е. за да бидат дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора да можат слободно да се самоопределуваат и нивните права не смеат да бидат прекршени. Така што моето мислење е дека додека тоа не се случи, Македонија едноставно ќе биде дел од Западен Балкан, вели Трифонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

Бугари уапсени во Грција поради измама со…

Семејство Бугари е уапсено во Грција поради…

(Видео) Мицкоски: Немаме, ниту имаме, ниту ќе…

Мицкоски немал, ниту има, ниту ќе има…

МД „Илинден”-Тирана со остра осуда за инсистирањето…

Македонското друштво “Илинден” – Тирана во вечерашната…

Радев најде 15.000 Бугари во Косово

На вчерашната средба во Приштина помеѓу бугарскиот…