Објавено на:

УЖАС: Во Австрија уапсено 14-годишно девојче припадник на Исламска држава – Планирала терористички напад?!

t

Во австрискиот град Грац денеска е уапсен 14-годишен црногорски државјанин, кој е осомничен дека планирал терористички напад со нож во центарот на градот, соопшти полицијата, повикувајќи се на истрагата на Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ).

Според соопштението, кај тинејџерката е пронајден пропаганден материјал на Исламската држава, меѓу кои и бројни видео снимки од егзекуции, како и нож и секира, пренесува порталот „Пресе“. Инспекторите влегле во трага на 14-годишната девојка со следење на нејзините разговори и активности на социјалните мрежи, се додава во соопштението. Нападот бил насочен кон „неверниците“, а местото на злосторството требало да биде Јакоминиплац во Грац, еден од најголемите плоштади во градот.

На распитот во присуство на законскиот старател и бранителот, 14-годишното девојче не го признало сомнителното дело, а на предлог на обвинителството судот и одреди мерка притвор поради опасност од повторување и прикривање на делото. Полицијата предупреди дека извештаите од изминатите неколку години покажуваат јасен тренд на радикализација во и низ дигиталниот простор.

„Високиот статус на ИД кај помладата генерација се заснова првенствено на разновидноста и квалитетот на пропагандната содржина достапна на интернет, која има силна привлечност до тинејџерите и младите возрасни“, се додава во соопштението. Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер изјави дека Канцеларијата за заштита на Уставот презема доследни мерки против сите форми на екстремизам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Бројот на жртви во нападот во Грац…

Универзитетската болница во Грац потврди дека едно…

Бугарскиот МНР: Австрија нема да го смени…

Бугарскиот министер за надворешни работи лично разговараше…

Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…

Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…

Две европски земји воведоа забрана за влез…

На претседателот на Република Српска (РС) Милорад…