Украина и Русија разменија речиси 200 воени заробеници

Украина и Русија разменија речиси 200 воени заробеници, а двете земји денеска одделно најавија размена. Телата на двајца британски доброволци исто така беа вратени во Украина.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак во Телеграм објави дека се вратени 116 Украинци. Во исто време, руските новински агенции го цитираа Министерството за одбрана на Москва дека се ослободени 63 руски воени заробеници.
„Успеавме да вратиме 116 наши луѓе, бранители на Мариупол, пжжХерсон, снајперисти од Бахмут (од линијата на фронтот) и други наши херои“, напиша Јермак на Телеграм. Тој исто така извести за телата на британските доброволци Ендрју Багшо и Крис Пари вратени во Украина. Багшо и Пари беа убиени за време на обидот за хуманитарна евакуација во источна Украина во јануари, соопшти претходно семејството на Пари.
Министерството за одбрана на Русија објави и дека меѓу ослободените руски војници има и лица од „чувствителна категорија“, чија размена е овозможена со посредство на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Рускиот воен оддел соопшти дека сите ослободени сега се на територијата на Руската Федерација и им е укажана потребната психолошка и медицинска помош, а им се дава и можност да контактираат со своите роднини, пренесе ТАСС.
Според податоците на украинскиот претседателски кабинет, на крајот на декември 2022 година, околу 3.400 украински војници биле држени во руско заробеништво, а уште 15.000 лица биле пријавени за исчезнати. До 31 декември, 1.596 луѓе, вклучително и воени и цивили, беа ослободени од руско заробеништво.
Руската страна не објави податоци за наводни воени затвореници кои се во украински раце.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Русија нема да застане: Ова е…
Русија нема да застане во Украина, сите…
Ништо од мирот: Украински командант најави нова…
Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…
Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…
Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…
Европската унија со остра осуда на заканите…
Европската унија (ЕУ) денеска ги осуди заканите…
Браво ќе ни кажат: Македонија е четврта…
Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар…