Урнебесено – Ковачевски би рекол: Федерализација на Македонија не може да има, не постои таква држава – Може па и не е толку лоша федерализацијата, не знаеме ако не пробаме?

t

Профилот ЗСтефановски на “Коперација” објави сатиричен текст за можна федерализација на Македонија во кој претпоставува кои би биле одговорите на Ковачевски за федерализација на Македонија, или на Северна?

Целиот текст во продолжение:


“Премиерот Димитар Ковачевски уште еднаш ги отфрли неоснованите теории на заговор дека и се спрема федерализација на Република Македонија.

“Не. Нема федерализација на Република Македонија. Пошто таква земја не постои. А Република Северна Македонија? Ни таму. Ваљда.” – одговори премиерот на новинарско прашање и објасни:

“Видете. Доста ве плашат со таа федерализација. Дваесетина години ве плашат. Нели до сега ќе се случеше? Нема шанса да се случи федерелизација на земјава. Ама еве.. и да речеме дека ќе има. Зошто да нема бе? Можеби е добро тоа? Била федерализирана независна Северна Македонија до сега? Не била. Еве, сега за сега во лоша состојба е државава. Па еве, од кај да знаеме, можеби федерализација му е мајката? Ајде, да пробаме, можеби ќе успее, можеби не? Додека не пробаш не можеш да знаеш. Лесно е само да се жалиш на интернет. Се додека не пробаш… нема да знаеш. Мора да пробаме со се. Можеби баш федерализација ќе донесе среќа и задоволство! Од кај да знаеме?!?!?”

Говорот на премиерот заврши со уште едно потврдување дека нема да има федерализација ама “еве бе, и да има, шо ти мења тебе? Па немање на федерализација да не ќе ти ги нахрани децата?!?”

Екипата на Кооперација се сложува со ова мислење. 

Дури и малку жал ни е што премиерот вели дека нема да има федерализација. Па ајде да пробаме да му е*ам мамата, можда тоа му е мајката, шо?!?! ” – напиша Сефановски.

Извор: КООПЕРАЦИЈА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иљче: Час по економија со Битиќи –…

Вицепремиерот Фатмир Битиќи кој пред два дена…

Урнебесно – Спасовски: Ќе вработиме уште 600…

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денес, во…

Урнебесно: Фатиме отишла во Гибралтар со парите…

Специјалната обвинителка уште еднаш докажа дека е…

Урнебесно: Ковачевски и Радев ќе преговараат за…

Вчера заврши фудбалскиот натпревар помеѓу нашата, и…

Иљче: По вртоглавите поскапувања Пендаровски се сели…

Претседателот Стево Пендаровски, познат по сега веќе…