(Видео) Во Македонија нема опозиција, отварање на Уставот ќе значи чекор кон федерализација!

t

По мое мислење ние немаме опозиција, сите партии се за ЕУ, за НАТО, а никој не умее да објасни што е Европската унија, дали е тоа статичка категорија која не се менува, дали ова е обединета Европа која ја замислува нејзиниот автор, или на Де Гол за кој Европа беше и Русија, вели во денешната епизода на “Тешки муабети” професорот Љубомир Цуцуловски.

Нашите партиски лидери упорно мантраат едно па исто, Европа, па Европа и било кое прашање за која Европа се мисли е табу тема.
Сите тие се за демократија, никој не умее да објасни што е демократија или барем не објаснил, а штом не обрјансил исто како да не умее.

Она што е витално, што го боли секој Македонец, а би требало да го боли секој македонски граѓанин е отворањето на Уставот на Република Македонија. Најголемата опозициска парија, лидерот и тие околу него имаат чиудна потреба да велат дека немаат ништо против Бугарите и нивното внесување во Уставот, Ако некој не внесам во Уставот не значи дека сум против него, ако не внесам Еским или пингвин не сум против него туку едноставно не им е местото во Уставот.

Потоа не биле против, ама не под овие околности или овој парламент немал мандат, значи ќе чекаме парламент со мандат. Уставот не е желботека па кој како е му текне да се внесува, Уставот не се менува како чорапите, се знае, Америка и Англија се горди што со векови не го менувале Уставот, но опозицијата тоа го заборава.

Понатаму внесувањето на Бугарите ќе создаде големи проблеми, ако Бугарија се однесува вака кога ги нема во Уставот, може само да претпоставиме кока ќе се однесувата кога ќе ги има како конститутивен народ. Второ, ќе се легализира целоносно и албанскиот јазик, тоа е чекор целосно кон федерализација на Макеоднија и дали имаме гаранции дека нема да доживееме повторно 1941-1944 година и пставување граница? Тоа е можно, доколку е тоа навистина во нечии глави, тогаш тие глави да се замислат што тоа ќе значи за нивните народи и држави.

Бугарите и така не знаат што да прават со пиринците во Бугарија, што да прават со милион Турци, Роми, исламизираните Бугари и уште милион Македонци од овој дел на Македонија, тоа ќе биде каранбол држава.

Како одат против самата бугарска држава која и онака е нестабилна, можете да замилсите уште да се импортираат уште милион Македонци, тоа ќе биде ужасно за самите Бугари. – вели Цуцуловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јакимовски од Гостивар: Сите кои поддржувате…

Претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“,…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…

ДИК: Условите за избор на претседател се…

Откако кандидатот за претседател на државата Стевчо…

(Видео) Мицкоски: Немаме, ниту имаме, ниту ќе…

Мицкоски немал, ниту има, ниту ќе има…