Ученици во Кисела Вода снимаат филмови против булинг и сајбербулинг
Насилството меѓу децата и младите, со посебен акцент на булингот и сајбербулингот, е во фокусот на тридневната филмска работилница „Снимај паметно, остави трага“, која ја организираат Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ и Општина Кисела Вода.
Работилницата се одржува во Домот на културата „Билјана Беличанец“, под менторство на режисерката Марија Џиџева.
Учениците од осмо и деветто одделение ги поминуваат сите фази на создавање филм – од идеја и сценарио, преку снимање со мобилен телефон, до финална монтажа. Целта е технологијата, која често е простор каде што се појавува сајбернасилство, да се претвори во алатка за креативно изразување и испраќање пораки.
„Целта на овие кратки форми е тимски да создадеме филмови каде што ќе го чуеме гласот на младите, ќе откриеме што ги мачи и ќе им помогнеме на возрасните подобро да разберат како децата денес ги доживуваат булингот и сајбернасилството“, вели Џиџева.
Кратките филмови создадени на работилницата премиерно ќе бидат прикажани на претстојното издание на „Киненова“, кое се отвора на 14 октомври во киното „Фросина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ученици во Кисела Вода снимаат филмови против…
Насилството меѓу децата и младите, со посебен…
Николоски: Третата фаза од пругата кон Бугарија…
Тендерот за изградба на третата фаза од…
Сиљановска-Давкова: Секое дете има своја мисија, вложувањето…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето…
Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно…
Маж и неговата сопруга предизвикале пожар во…
СЗО бара одговори од Русија: Се проверува…
Светската здравствена организација бара дополнителни информации од…