Николоски: Третата фаза од пругата кон Бугарија почнува во мај

t

Тендерот за изградба на третата фаза од железничката пруга кон Бугарија е веќе објавен преку официјалниот систем за јавни набавки на Европската Унија, а изборот на изведувач се очекува до крајот на април 2027 година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Според него, рокот за доставување понуди истекува на 20 јануари, по што ќе следува евалуација во траење од околу три месеци.

„Тоа би значело дека некаде крајот на април би требало да имаме избрано изведувач, кој веќе од мај-јуни би требало да почне да ја гради третата фаза“, рече Николоски во интервју за Радио Лидер.

Паралелно, работните групи на Македонија и Бугарија работат на техничките прашања поврзани со заедничкиот граничен тунел.

Втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка, според Николоски, треба да биде завршена до крајот на 2028 година. Во моментов се реализирани околу 40 проценти од работите, а месечната динамика изнесува меѓу два и 2,5 проценти.

Со завршувањето на оваа делница, тој очекува воспоставување меѓуградски железнички сообраќај на релацијата Скопје–Куманово–Крива Паланка.

Николоски се осврна и на проектот за брза пруга на Коридорот 10. Според него, шесте предвидени студии биле завршени во рок, а сега следуваат изборот на заемодавател и изведувач.

„Зависно од собраниските процедури и од временските услови, ќе почнеме со активности на терен минимум во март и април идната година“, рече Николоски.

Тој најави и дека финансирањето на проектот за брзата пруга ќе биде со, како што тврди, најниска каматна стапка во регионот и најниска досега за инфраструктурен проект реализиран во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вучиќ со нов предизборен спот: На…

Александар Вучиќ објави нов предизборен спот во…

Сообраќајна најава: Утре ограничување на мостот „Близнак“

Возачите во Аеродром и Гази Баба утре,…

Македонски средношколци меѓу најдобрите во светот: Почнува…

Македонскиот национален тим денеска во Инчеон, Јужна…

Ученици во Кисела Вода снимаат филмови против…

Насилството меѓу децата и младите, со посебен…

Николоски: Третата фаза од пругата кон Бугарија…

Тендерот за изградба на третата фаза од…