ФБИ нуди награда за информации поврзани со убиецот на американската претставничка

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди награда за информации за Венс Лутер Батлер, осомничениот за двојното убиство на демократската претставничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг во Минесота.
ФБИ во саботата попладне по локално време објави дека агенцијата нуди награда за информации што ќе доведат до апсење и осуда на Белтер (50), објавува Фокс 9. Си-Би-Ес претходно објави дека во возилото на Белтер е пронајден список на можни цели, со повеќе од 50 имиња, вклучувајќи службеници кои не се од Минесота, активисти за права на абортус и медицински персонал кој извршува вакви процедури.
Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг беа убиени во нивниот дом во Бруклин Парк, додека сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга беа ранети во пукотница во нивниот дом во Шамплејн. Властите велат дека осомничениот вооружен напаѓач се претставувал како полицаец во времето на пукотницата. Гувернерот на Минесота, Тим Волц, рече дека се чини дека станува збор за „политички мотивирано убиство“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…