Филипче: Мицкоски да одговори зошто не ги става малцинствата во Уставот
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција истакна дека одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да го прифати предлог-законот на СДСМ за забрана на двојни државјанства за функционери целосно ја разобличува нивната политика, а од премиерот побара одговор зошто не ги става малцинствата во Уставот.
-Одбивањето да се прифати овој предлог закон на СДСМ целосно ја разобличува нивната лицемерна политика. Овие луѓе на власт, повеќе никој не можат да излажат. Со години ширеа хистерија, ширеа страв и ги лажеа граѓаните дека е загрозен нашиот национален идентитет. Токму од овие луѓе кои што замислите во џебовите имаат бугарски пасоши, рече Филипче.
Според него, со години наназад ВМРО-ДПМНЕ имала една лажна пропаганда, само за да дојдат на власт, а Македонија да не може да го продолжи европскиот пат.
На прес-конференцијата, Филипче нагласи Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека не се грижи ниту за граѓаните, ниту за напредокот на државата.
-Ова не се политичари кои се грижат за доброто на државата и граѓаните, туку политички туристи со европски пасоши кои што ги држат функциите за да ги искористат за лично богатење. Доста е со лагите и доста е со лицемерието. Малцинства во Уставот треба да се случат час поскоро. Реформи сега и Европа сега – рече Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека Мицкоски треба да одговори зошто не ги става Бугарите и другите малцинства во Уставот и зошто не ги продолжува преговорите со Европската Унија.
– Зошто не ги става Бугарите во Уставот и другите малцинства и да ги почне преговорите со Европска Унија? Каков е ризикот од Уставните измени? Од што тој се плаши? Зошто го лаже народот? -вели меѓу другото Филипче.
Повиците на премиерот за единство, според претседателот на СДСМ, се лицемерни и целосно неискрени затоа што вели, „нема желба да се обедини за ништо и не го интересира државата“.
– Повиците се лажни и лицемерни. ВМРО нема желба да се обедини околу ништо. Прашањето логично следно коешто се поставува е зошто упатуваат такви повици на единство кога само неколку дена претходно го усвоија Законот за Влада сами, без наша согласност? Тие луѓе не сакаат единство, не сакаат реформи – рече Филипче.
Тој порача дека СДСМ нема да седне на маса со луѓе кои немаат чесни намери и кои не сакаат државата да оди напред.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Мицкоски да одговори зошто не ги…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на…
Алармантно во Радовиш: Депонијата гори петти ден,…
Радовишката депонија гори веќе петти ден по…
Внук си го истепал својот 85-годишен дедо…
Вчера во 10:30 часот, полициски службеници од…
РК Вардар откажа, не оди на прославата…
Вчера ФК Вардар информираше дека е планирана…
Јованов: Еве што со „10.000 вработени во…
Професорката Тамара Јованов реагираше преку објава на…