Објавено на:

РК Вардар откажа, не оди на прославата која ја најави ФК Вардар

t

Вчера ФК Вардар информираше дека е планирана заедничка прослава со РК Вардар во Градскиот парк, порачувајќи дека заеднички ќе ги слават титулите освоени на домашната сцена.

Сепак, тоа нема да се случи. Од ракометниот клуб денеска информираа дека нема да можат да се појават на прослават бидејќи веќе закажале своја клупска прослава на истиот датум само со членовите и блиските луѓе на клубот.

Соопштението го пренесуваме во продолжение:

„АД Ракометен Клуб Вардар 1961 имаше исклучително успешна сезона во која ги обедини титулите во Македонија и имаше успешен настап во Европа. Горди сме што овие успеси ги постигнавме пред полни сали и го привлековме вниманието на целокупната спортска јавност.

Овие успеси немаше да бидат возможни без нашите навивачи, но и нашите спонзори, партнери и пријатели. По тој повод пред извесен период ние веќе го дефиниравме датумот и ги испративме поканите за нашата прослава на која ќе присуствуваат сите играчи, членови на стручниот штаб, раководството на клубот, спонзори и ВИП личности.

Прославата ќе биде одржана на 23 Мај (сабота) со почеток во 20:30 часот, па не би можеле да присуствуваме на прославата која ќе биде организирана од страна на ФК Вардар, а на која беше најавено нашето присуство.

На нашите колеги од ФК Вардар им ја честитаме титулата и им посакуваме успешен настап во Европа“, информира ракометниот клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шкендија го совлада Вардар во Скопје

Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска…

ФК Шкендија е казнет со 30.000 евра…

Клубот ФК Шкендија е казнет со 30.000…

Борко Ристовски за Миленко: Ако човек во…

По прозивките од директорот на ФК Вардар,…

РК Вардар откажа, не оди на прославата…

Вчера ФК Вардар информираше дека е планирана…

Ѓорѓиевски: Темелно се чисти коритото на Вардар

Темелно се чисти коритото на Вардар, бисерот…