Алармантно во Радовиш: Депонијата гори петти ден, Кризниот штаб со итни препораки до граѓаните

t

Радовишката депонија гори веќе петти ден по ред, а надлежните служби и покрај големите напори сè уште се обидуваат да го стават пожарот под целосна контрола. На терен е ангажирана тешка механизација која врши насипување со земја за да се спречи натамошното ширење на огнот.

Поради сериозноста на ситуацијата, градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб, Љупче Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно здравје-Штип, упати итен апел до граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено и да го ограничат движењето во периодите кога чадот е најинтензивен.

Во официјалното соопштение се препорачува прозорците и вратите на домовите и работните простории да се држат затворени, а клима уредите и вентилациите кои внесуваат надворешен воздух веднаш да се исклучат. Дополнително, на граѓаните им се советува да престојуваат во затворени простории и да користат заштитни маски што филтрираат честички, при што нагласуваат дека најдобра заштита обезбедуваат маските од типот FFP2, FFP3 или N95.

Кризниот штаб упати посебно предупредување за заштита на најмладите и хронично болните лица. Се препорачува да се избегнуваат сите спортски и рекреативни активности на отворено, а на децата да не им се дозволува престој во дворовите на градинките и училиштата. Посебна заштита треба да се обезбеди за бремените жени, постарите и лицата со хронични заболувања.

До работодавачите се апелира, согласно можностите, да овозможат ослободување од работа или работа од дома за ризичните категории вработени. Во случај на појава на симптоми како отежнато дишење, кашлица, печење во очите или вртоглавица, граѓаните треба веднаш да побараат медицинска помош.

Од Општина Радовиш уверуваат дека сите служби се на терен и континуирано преземаат мерки за локализирање и целосно гаснење на пожарот, притоа повикувајќи на смиреност, одговорност и строго почитување на сите препораки и евентуални наредби за евакуација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алармантно во Радовиш: Депонијата гори петти ден,…

Радовишката депонија гори веќе петти ден по…

Внук си го истепал својот 85-годишен дедо…

Вчера во 10:30 часот, полициски службеници од…

РК Вардар откажа, не оди на прославата…

Вчера ФК Вардар информираше дека е планирана…

Јованов: Еве што со „10.000 вработени во…

Професорката Тамара Јованов реагираше преку објава на…

Љутков од Разловци: Со 25 милиони денари,…

Македонија предолго живееше со страв да не…