Филипче соопшти 19 кандидати за градоначалници од СДСМ!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти деветнаесет кандидати за градоначалници од СДСМ за претстојните локални избори.
Официјално одобрени од Извршниот одбор на партијата денеска се:
- Општина Центар, Горан Герасимовски
- Општина Аеродром, доктор Александар Трајановски
- Општина Ѓорче Петров, Костадин Ацески (претседател на општинската организација на СДСМ)
- Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ (актуелен градоначалник)
- Општина Берово, Илија Рунтевски (претседател на општинската организација на СДСМ)
- Општина Крива Паланка, Сашко Митовски (актуелен градоначалник)
- Општина Лозово, Ацо Велковски
- Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев
- Општина Богданци, Блаже Шопов
- Општина Дојран, Ристо Џинев
- Општина Могила, Зоран Ристевски
- Општина Неготино, Петар Мантев
- Општина Новаци, Љубе Кузмановски
- Општина Росоман, Стојанче Николов (актуелен градоначалник)
- Општина Вевчани, Стефан Радиноски (претседател на општинската организација на СДСМ)
- Општина Крушево, Томе Христовски (актуелен градоначалник)
- Општина Ресен, Александар Бузлевски (претседател на општинската организација на СДСМ)
- Општина Штип, Павел Иванов (претседател на општинската организација на СДСМ)
- Општина Гази Баба, Влатко Митовски (претседател на општинската организација на СДСМ)
Овие кандидати, како што рече Филипче, заедно со кандидатите кои треба дополнително да се потврдат ќе бидат претставени и ставени на одобрување на Централниот одбор на партијата.
Во врска со Град Скопје, Филипче истакна дека кандидатот ќе биде објавен веднаш штом се утврди, а постојат општини каде се разговара за поддршка на градоначалници кои доаѓаат од коалициски партии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче соопшти 19 кандидати за градоначалници од…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти…
Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…
Откако му ги откривме сите скандали на…
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…
Кога наместо да деде одговор на конкретно…
СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…