Објавено на:

(Фото+видео) Пелоси му приреди изненадување на Зеленски – Украинскиот претседател ја одликуваше американската функционерка при “ненадејната посета” на Киев

t

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, допатува во ненадејна посета на Киев за лично да го увери украинскиот претседател Володимир Зеленски за поддршката на Вашингтон во време на конфликтот со Русија, беше откриено во неделата.

Зеленски сподели видео на Твитер на кое се гледа како ги поздравува Пелоси и другите американски пратеници пред претседателската палата во главниот град на Украина.

Највисокиот американски функционер што дојде во Киев од почетокот на борбите, Пелоси беше придружувана од претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, Грегори Микс, претседателот на Комитетот за разузнавање Адам Шиф, претседателот на Комитетот за правила Џим Мекговерн и пратеникот Џејсон Кроу. Спикерот на Домот е формално втор по претседателската функција по потпретседателот.

Потоа, страните одржаа кратки разговори, за време на кои Зеленски ја повтори потребата од континуирана воена поддршка на САД.

Пелоси му рекла на украинскиот лидер дека американските пратеници го посетуваат Киев „за да се заблагодарат за вашата борба за слобода“.

„Вашата борба е борба за сите. Наша заложба е да бидеме тука за вас додека не заврши борбата“, вети таа.

Зеленски, исто така, ја искористи можноста да ја награди Пелоси со Орденот на принцезата Олга, украинско граѓанско одликување доделено на жените за лични заслуги во политиката, науката, културата и хуманитарните области.


Кабинетот на претседателот на Претставничкиот дом наведе во соопштение дека средбата со украинскиот претседател е „извонредна чест“. Патувањето имаше за цел да испрати „непогрешлива и гласна порака до целиот свет: Америка цврсто стои со Украина“, се вели во соопштението.

Делегацијата на САД потоа се упати кон соседот на Украина и сојузник Полска на разговори со претседателот на земјата, Анджеј Дуда и други високи функционери.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин беа во Киев пред една недела со посета со слична цел да и дадат уверување на Украина.

По патувањето, Остин отворено призна дека, помагајќи ѝ на украинската влада, САД се обидуваат да видат „Русија ослабена до степен што не може да ги прави оние работи што ги направи со инвазијата на Украина“.


Вашингтон му одреди на Киев 4,3 милијарди долари воена поддршка од 2021 година, изјави во петокот портпаролот на Пентагон Џон Кирби, откривајќи и дека САД почнале да ги обучуваат украинските војници во Германија и на други места во Европа.

Зеленски прими неколку високи функционери во Киев за време на конфликтот, вклучително и премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон и водачите на други европски нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Зеленски ќе се сретне со Бајден

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…