(Фото) Бpука невидена: Во клубот „Вачно Михајлов“ има негов цитат во кој го негира постоењето на македонскиот народ

t

Уште на 8-ми и 9-ти февруари оваа година завршило уредувањето на ентериерот во клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, кој поради институционални и законски пропусти успеал да понесе име на соработник и штитеник на усташкиот лидер Анте Павелиќ од Втората светска војна и НДХ, пренесува Телма.

Свеченото отворање на клубот во саботата предизвика реакции на вознемиреност поради непочитување на чувствата на припадниците на македонскиот народ. На манифестацијата беа присутни повеќе бугарски политичари, како и радикални опозиционери од Бугарија, а во Битола беше и бугарскиот премиер Кирил Петков.

Во февруари во клубот биле поставени слики од Ванчо Михајлов, Тодор Александров, Владо Черноземски, Мара Бунева и други контроверзни фигури од историјата помеѓу двете светски војни.

Од дејците кои се залагале и бореле за слобода на Македонија, во клубот се ставени и фотографии од Гоце Делчев и Даме Груев, како што може да се види од фотографиите кои се објавени на ФБ профилот на клубот Ванчо Михајлов.

Најспорна е сликата од цитат на Михајлов од неговото негаторско обраќање за македонците кое го напишал во 1983-та година во Рим, на 80-годишнината од Илинденското востание и на 90 години од формирањето на ВМРО.

Од тој запис во кој Михајлов пишува таканаречената македонска нација, на ѕидот во клубот во Битола стои цитат:

-Можеме да се гордееме, бидејќи знамињата на ВМРО и на Илинден беа и остануваат човековите права и слободата. Значи, залудни се напорите на маскираната (измислената) македонска „нација“ да го лаже светот. Вистината ќе победи.
– Ваш: Ив. Михајлов

Клубот Ванчо Михајлов инаку е регистриран во 2019-та година, а институциите се оправдуваат дека дозволата била дадена бидеќи не постоела забрана за користење на името на Ванчо Михајлов и покрај неговата соработка со фашистички режим во Втората светска војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На сред терен запрело срцето на млад…

Српскиот интернационалец Драги Гудељ колабираше на сред…

(Видео) ХАОС во Тел Авив: Илјадници демонстранти…

Десетици илјади Израелци се собраа во Тел…

Бугарија за половина година ѝ дала на…

Софија му предаде на Киев оружје во…

Ванковска: Родители, пакувајте куфери за да си…

Професорката Билјана Ванковска на Фејсбук кратко, но…

Обединетите нации загрижени за кршење на човековите…

Структурите за човекови права на ОН регистрираат…