(Фото) Возел без едно тркало: Возач од Косово возел автобус без тркало, не знае како го загубил…

Словенечката полиција уапсила возач на автобус од Косово и Метохија кој возел автобус без едно тркало, јавуваат медиумите во Словенија.
Автобус управуван од 32-годишен возач од Косово е запрен на автопатот Љубљана-Обрежје. Возачот е казнет со 400 евра, соопшти словенечката полиција.
Возачот, чиј идентитет не е наведен, не можел да објасни каде го загубил тркалото од автобусот, пренесува РТС.
Покрај паричната казна за непочитување на законот за возила, против него е поведена и судска постапка, а предвидена е и парична казна од 2.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ пред собраниската седница за Косово: Ќе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека…
(Фото) Протести во Приштина: Албанците им порачуваат…
Во американската амбасада во Приштина во моментов…
Западот го предупредил Курти: Ако не биде…
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека бил…
Нови тензии во Косово: Каменуван автомобил на…
Автомобил управуван од Србинот Саша Блажиќ вечерва…
Курти: Во Косово нема српски општини
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека на Косово…