(Фото) „Доста беше труење“: Граѓаните рекоа НЕ за нова дозвола за Усје

t

„Не за нова дозвола по стари правила“ – порачаа граѓаните на денешниот протестен марш во Скопје против издавањето на нова А-интегрирана дозвола на цементраницата „Титан Усје“. Тие ја повикаа Владата и институциите да не дозволат Цементарницата да „продолжи да работи како досега“ и побараа мерни станици.

Маршот почна пред Собранието, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за животна средина, кое треба да издаде нова дозвола на цементарницата. Од Иницијативата „Стоп за Усје“ порачаа дека протестот е организиран поради сериозните недостатоци во постапката за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола за цементарницата.

Учесниците на маршот носеа транспаренти со натписи: „Сакаме живот дома, доста беше молк“, „Зошто Усје се плаши од мерни станици“, „Скопје во одбрана на животот“ , „Сакаме иднина во која се дише слободно“.

Ја обвинија компанијата дека со своето неодговорно работење ја полни Клиниката за онкологија, алудирајќи на загадувањето кое предизвикува болести кај луѓето.

„Одговорно ја полнат Онкологија. Не се тие криви за ова, крив е државниот апарат за кој сите ние плаќаме да не заштитува од вакви алчни корпорации“ порача еден од учесниците во маршот.

Од „Стоп за Усје“ велат дека верзијата на барањето која е објавена за увид не само што не е подготвена според идните стандарди, туку содржи и помалку информации од постојната дозвола. Во документот се наведени гранични вредности за само три загадувачи, кои се идентични со оние од старата дозвола и се до осум пати повисоки од важечките стандарди во Европската Унија.

За „Стоп за Усје“ уште позагрижувачки е што целосно недостасуваат гранични вредности и обврски за мониторинг за едни од најопасните загадувачи – тешки метали, диоксини и фурани. Станува збор за супстанции со сериозни последици врз здравјето на луѓето и животната средина, а токму нивните емисии се поврзуваат со согорувањето на алтернативни горива, за кои „Усје“ во новата дозвола бара зголемување на количините за употреба, без во барањето да бидат предвидени соодветни мерки за контрола и мониторинг на овие опасни загадувачи!

Од „Титан УСЈЕ“ денеска соопштија дека во март годинава до Министерството за животна средина и просторно планирање ја поднеле апликацијата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, која е во согласност со важечките законските и подзаконските акти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) „Доста беше труење“: Граѓаните рекоа НЕ…

„Не за нова дозвола по стари правила“…

Ацевски: Долгот на ПИОМ кон ФЗО е…

Констатиравме одредено задоцнето уплатување на средствата во…

Полицаец под сомнение дека издавал службени тајни…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Чешкиот претседател ја тужи владата затоа што…

Вo Чешка ескалира спорот околу тоа кој…

Чавушоглу: ЕУ да биде искрена – од…

„ЕУ треба да биде отворена и искрена…