Ацевски: Долгот на ПИОМ кон ФЗО е 136,4 милиони евра, но нема простор за грижа за давањето на здравствени услуги за осигурениците
Констатиравме одредено задоцнето уплатување на средствата во вториот пензиски столб во ревизорскиот извештај за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, но истовремено загрижува висината на неуплатените средства во Фондот за здравствено осигурување од Фондот за пензиско осигурување, пришто акумулираниот долг од претходните години изнесува 136,4 милиони евра, посочи Максим Ацевски, главен државен ревизор, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„И ова е еден магичен круг. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување му должи на Фондот за здравствено осигурување, Фондот за здравствено осигурување нема доволно маневарски способности да вложува дополнителни средства во јавните здравствени установи и подобрување на услугите или зголемување на вредноста на одредени цени кои што се утврдени во претходниот период“, рече Ацевски.
Тој додаде нема простор за грижа за давањето на здравствени услуги за пензионерите.
„Напротив, ова е релација меѓу Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Фондот за здравствено осигурување. Како Државен завод за ревизија го истакнуваме моментот, бидејќи со самото рамномерно и редовно уплатување на средствата, же се обезбеди поголема ликвидност на Фондот за здравствено осигурување, а со тоа ќе се овозможи и крајно купување на услугите на јавните здравствени установи“, додаде Ацевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затвор за лажни вести што ќе го…
Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
Нови правила за патување во Европа од…
Граѓаните на Македонија, како и на другите…
Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…
Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…
Рама за победата на Студентската листа: Србија…
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…