Полицаец под сомнение дека издавал службени тајни на адвокат на осомничен
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против полицискиот службеник Б.Т. поради сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“.
Според МВР, пријавениот, вработен во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, на 16 мај 2025 година, при извршување службени задачи во врска со пријавено кривично дело, се стекнал со податоци што претставувале службена тајна во рамки на предистражна постапка.
Три дена подоцна, на 19 мај 2025 година, преку приватна комуникација на мобилна апликација, тој наводно ги споделил овие информации со бранител на осомничен во постапката. Станува збор за податоци поврзани со искази на лица лишени од слобода на кои им бил определен притвор, како и информации за издадени наредби за приведување на лице.
Случајот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошно постапување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…