(Фото) Захарова објави скандалозен тест за германски основци: “Што е целта на рускиот претседател” е едно од прашањата

t

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на својот Фејсбук профил објави скандалозен тест за операција во Украина, наменета за деца од основно училиште во Германија.

„Германските власти ги принудуваат учениците од основните училишта да пополнуваат вакви прашалници“, напиша таа во соопштението.

Целиот тест се состои од 10 прашања:

  1. Која земја ја започна војната против Украина?
    а) Германија б) Русија в) Литванија
  2. Колку долго трае конфликтот меѓу Русија и Украина?
    а) Повеќе од 8 години б) една година в) повеќе од 10 години
  3. Зошто луѓето во Украина првично протестираа мирно?
    а) Сакаа претседателот повеќе да соработува со Русија б) Сакаа претседателот повеќе да соработува со ЕУ
  4. Како се вика претседателот на Русија?
    а) Олаф Шолц б) Владимир Зеленски в) Владимир Путин
  5. Кој полуостров е насилно изграден од претседателот на Руската Федерација во 2014 година?
    а) Крим б) Крит в) Кола
  6. Што значи зборот „сепаратисти“?
    а) Сепаратистите сакаат да се отцепат од Украина и да и припаднат на Русија б) Сепаратистите очајно сакаат да припаѓаат на Европската унија
  7. Која е целта на претседателот на Русија?
    а) Русија треба да припаѓа на ЕУ б) Русија да стане уште поголема и помоќна в) Русија да стане независна
  8. Што прави Германија во врска со конфликтот?
    а) Германија останува надвор од конфликтот б) Германија исто така оди во војна в) Германија воведува санкции кои и штетат на економијата
  9. Што е Северен тек 2?
    а) Важен гасовод што треба да транспортира природен гас од Русија до Германија б) Руска нуклеарна централа во изградба во Германија
  10. Што се крие зад концептот на НАТО?
    а) Алијанса од 30 држави кои меѓусебно си помагаат кога војната е неизбежна б) Сите држави на ЕУ заедно против Русија

Од германска страна нема официјална потврда дали тестовите кои ги објави Захарова се вистинити или станува збор за лажна вест.

Погледнете ги фотографиите во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шолц: Имаме недостаток на работна сила, имаме…

Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за…

Медиуми: Германски шпиони тајно им помагаат на…

Германската надворешна разузнавачка служба БНД со месеци…

Целосно ќе се затвори “Северен тек 2”?…

Причината за падот на притисокот во гасоводот…

На кое дереџе дојде Германија? Безбедносните органи…

Германската федерална канцеларија за борба против криминалот…

Германија “по стапките” на Македонија: Огромно поскапување…

Сопствениците на печки на дрва или пелети…