(Фото) Камион ја „сефтоса“ новата патарина на автопатотот Штип-Миладиновци: Се преврте кај Кадрифаково

Се преврте камион на патарината кај светниколското село Кадрифаково на автопатотот Штип-Миладиновци. Фотографија од превртениот камион ни испратија возачи, кои пред 15 минути транизитирале по автопатот. На неа се гледа дека камионот удрил и се превртел токму меѓу наплатните пунктови.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека нивна екипа ќе изврши увид, возачот не е повреден, а е причинета материјална штета.
Патарините кај Кадрифаково и Преод во Општина Свети Николе, се во изградба, а според најавите на директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми требаше да бидат готови до крајот на март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО-ГОКК ќе проверува дали има криминал во…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
Пронајдени 20 мигранти на автопатот Гевгелија-Скопје: Возачот…
На автопатот Гевгелија – Скопје, после клучка…
Камион се заби во патарина пред Куманово
Камион се заби во наплатната станица „Романовце“…
(Видео) СТРАШНА експлозија: Разнесен камион на Кримскиот…
Камион е разнесен на мостот на Крим,…
Автопатот Скопје-Блаце ќе чини 18 милиони евра…
Автопатот што ќе се гради од Скопје…