(Фото) Камион ја „сефтоса“ новата патарина на автопатотот Штип-Миладиновци: Се преврте кај Кадрифаково
Се преврте камион на патарината кај светниколското село Кадрифаково на автопатотот Штип-Миладиновци. Фотографија од превртениот камион ни испратија возачи, кои пред 15 минути транизитирале по автопатот. На неа се гледа дека камионот удрил и се превртел токму меѓу наплатните пунктови.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека нивна екипа ќе изврши увид, возачот не е повреден, а е причинета материјална штета.
Патарините кај Кадрифаково и Преод во Општина Свети Николе, се во изградба, а според најавите на директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми требаше да бидат готови до крајот на март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
Внимавајте на патарина: Наскоро со „МКард“ нема…
Од 15 јуни корисниците кои имаат „МКард“…
Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје е нормализиран на…
Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје е нормализиран и…
(Фото) Се запали автобус на автопатот Велес-Скопје
Автобус со прилепски регистарски ознаки се запалил…
Владата очекува автопатот Охрид-Кичево да биде завршен…
Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите…