(Фото) Катастрофални услови во тетовската касарна: Мувла, распаднати ѕидови и фасада – Од Одбрана велат дека е предвидена реконструкција

t

До редакцијата на Инфомакс пристигнаа фотографии од касарната Кузман Јосифовски Питу во Тетово. Припадниците на АРМ се жалат на катастрофални услови, влага, мувла, распадната фасада и кровови кои протекуваат.

За информации за состојбата во касарната се обративме до Министерството за одбрана, од каде ни кажаа дека реконструкција на делови од касарната е веќе предвидена, а дел од работите би требало да завршат до крајот на годинава.

– Министерството за одбрана заедно со Генералштабот на Армијата во континуитет работи на подобрување и подигнување на условите за сместување и работа за припадниците на Армијата.
Согласно приоритетите на Армијата, до крајот на оваа година конкретно во Касарната ,,Кузман Јосифовски Питуʼʼ – Тетово, предвидено е да се изврши замена на кровната конструкција на Кантината, реконструкција на санитарни јазли и замена на прозори во стражара, целосна реконструкција на објект бр.35 и реконструкција на топловодната мрежа во должина од 200м.
Би сакале да напоменеме дека за реализација на овие, но и на други проекти кои опфаќаат реконструкција, адаптација, уредување, санација и тековно одржување во касарните во Велес, Кичево, Ќојлија, касарната Илинден, Воено медицинскиот центар е склучен Рамковна спогодба за одржување во висина од 41.300.000,00 денари со вклучен ддв.
Покрај ова, согласно Планот за работа за 2026 година, веќе е завршено со изведба на работите на кровни конструкции на објекти во касарните ,,Гоце Делчевʼʼ (2 објекти, ,,Ќојлијаʼʼ, ,,Јане Санданскиʼʼ, АП ,,Криволакʼʼ, завршено е со комплетно реновирање на објект во касарната ,,Јане Санданскиʼʼ во Штип, завршено е градежно уредување на повеќе објекти во Генералштабот, Воено медицинскиот центар,
а во процес се инфраструктурни активности во касарната ,,Мирче Ацевʼʼ во Прилеп, ,,Јане Санданскиʼʼ во Штип, ,,Гоце Делчевʼʼ и ,,Илинденʼʼ во Скопје, Дренов дол и АП ,,Криволакʼʼ.

Сето ова се прави со една единствена цел, припадниците на Армијата да имаат современи услови за работа и зголемена безбедност.
Министерството за одбрана во повеќе наврати информираше дека состојбата со многу објекти е сериозна, но дека активно се работи на подобрување на истата. – стои во одговорот од Министерството за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Катастрофални услови во тетовската касарна: Мувла,…

До редакцијата на Инфомакс пристигнаа фотографии од…

Чешка веројатно нема да ја исполни целта…

Чешка годинава веројатно нема да ја исполни…

Се спрема закон со кој САД и…

Американскиот Конгрес работи на нов закон со…

Уапсени две лица од тетовско по пријава…

На 28.05.2026 година, полициски службеници од СВР…