(Фото+Видео) Која иpонија: За збoгyм Филипче му подари бapокна слика на 3aeв

t

Венко Филипче министерот за здравство во заминување на еден од последните настани во негова организација додели благодарници за работниците во Ковид центрите, а на екс-премиерот Зоран Заев му подари слика.

-Сакам да ви врачам подарок за долго сеќавање и да се заблагодарам на поддршката која ја дадовте на здравствениот систем . Да се заблагодарам за она што не кажавте не, за било која инвестиција во здравството и за тоа што успеавме по ваша заслуга, здравствените работници од потценети и исмевани да ги направивме горди и почитувани луѓе во нашето општество, кажа Филипче.

За иронијата да биде уште поголема од она што можеме да се забележи уметничкото дело кое го доби Заев на подарок е најблиску до барокниот стил во уметноста.

Некои од карактеристиките кои најчесто се поврзуваат со барокот се величественост, сетилно богатство, драма, динамичност, движење, напнатост, емоционална изобилство.

Токму Заев жестоко го критикуваше наводниот „барок“ во градбите од Скопје 2014-та кој сепак беше најблиску до неокласицизмот како правец во уметноста.

Прашањето е со што Заев го заслужи овој подарок и од каде произлегува насмевката на лицето на Филипче кога 7 илјади наши сограѓани ги загубија своите животи во Ковид пандемијата, а уште илјадници хронично болни починаа поради неадекватната здравствена нега од државата.

Да не заборавиме дека само пред неколку месеци до темел изгоре модуларната болница во Тетово, пожар во кој 14 лица ги загубија своите животи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Австрија има женска верзија на Заев:…

Изјавата на австриската министерка дека Африка е…

3aeв нema да користи aпaнажа, ќе се…

Поранешниот премиер Зоран Заев од вчера има…

3aeв се огласи на Фејсбук

Денеска ги предадов функцијата и кабинетот на…

(Фото) Чао 3aeв – последната фотографија од…

Зоран Заев утринава се збогуваше од функцијата…

(Фото) Македонија го доби 8-миот премиер: Ковачевски…

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски утрово…