Венс за контроверзната слика на Трамп: Луѓето не го разбираат неговиот хумор
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс вели дека контроверзната објава на Доналд Трамп, во која Трамп беше прикажан како Исус Христос, била шега која дел од јавноста не ја разбрала.
„Мислам дека претседателот објави шега и ја отстрани затоа што сфати дека многу луѓе не го разбраа неговиот хумор“, рече Венс во интервју за Фокс њуз.
Тој додаде дека Трамп сака директна комуникација со јавноста преку социјалните мрежи.
„Тоа е една од добрите работи кај овој претседател, нема „влакна на јазикот“ и им зборува директно на луѓето“, истакна Венс.
Трамп ја избришал објавата од платформата „Truth Social“, која содржела слика генерирана со вештачка интелигенција.
Контроверзијата се појави во време на засилени тензии со Ватикан. Венс посочи дека постојат разлики со Ватикан по одредени прашања.
„Најдобро би било Ватикан да се држи до прашањето за моралот, а претседателот да ја води американската политика“, рече тој.
Трамп претходно ја бранеше објавата, тврдејќи дека нејзиното толкување е погрешно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…
Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…