Објавено на:

(Фото) Најдобриот светски тенисер се враќа во Белград

t

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, по депортацијата од Австралија ќе се врати во Белград. Имено, тој е фотографиран во Дуаби како се качува во авион за српската престолнина, кој треба да слета на аеродромот „Никола Тесла“ околу 12 часот и 10 минути.

Во српската престолнина околу пладне се очекува да пристигне првиот рекет во светот.


Постоеше дилема дали Новак Ѓоковиќ по депортацијата од Австралија ќе замине во Шпанија или Србија, oткако неговата жалба беше одбиена од Федералниот суд поради укината виза од министерот за имиграција, Алекс Хок.

На крајот, по слетувањето на неговиот авион во Дубаи по лет кој траел околу 13 часа, било утврдено дека Новак околу пладне ќе пристигне во својот Белград.

Новак Ѓоковиќ се сликаше со навивачите кои ги сретна на аеродромот, а нема сомнеж дека идентична ќе биде ситуацијата и по неговото враќање во Србија.

Новак не го криеше разочарувањето откако беше спречен да учествува на Австралија опен, каде требаше да атакува на јубилејната десетта титула.

Сепак, јасно е дека тогаш главата беше жешка и дека на најдобриот тенисер на светот се му поминуваше низ глава.
Веќе на аеродромот во Дуаби му се појави насмевка на лицето, па постои реална можност Ѓоковиќ да ја промени својата одлука и сепак да каже се што мисли за тортурата и невидениот скандал што се случи во Австралија, каде беше добредојден гостин во претходните години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вулин: Против Србија се води специјална војна

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин вели…

Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим…

Дојави за бомби во основни и средни…

Утрово во неколку училишта на територијата на…

Повеќе од 24 часа: Српските лекари се…

Српските лекари сè уште се борат за…

Крвава кафана во Србија: Пијан пејач избоде…

Пејачот Милош С. (39) кој е уапсен…