(Фото) Најдобриот светски тенисер се враќа во Белград
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, по депортацијата од Австралија ќе се врати во Белград. Имено, тој е фотографиран во Дуаби како се качува во авион за српската престолнина, кој треба да слета на аеродромот „Никола Тесла“ околу 12 часот и 10 минути.
Во српската престолнина околу пладне се очекува да пристигне првиот рекет во светот.
Постоеше дилема дали Новак Ѓоковиќ по депортацијата од Австралија ќе замине во Шпанија или Србија, oткако неговата жалба беше одбиена од Федералниот суд поради укината виза од министерот за имиграција, Алекс Хок.

На крајот, по слетувањето на неговиот авион во Дубаи по лет кој траел околу 13 часа, било утврдено дека Новак околу пладне ќе пристигне во својот Белград.
Новак Ѓоковиќ се сликаше со навивачите кои ги сретна на аеродромот, а нема сомнеж дека идентична ќе биде ситуацијата и по неговото враќање во Србија.
Новак не го криеше разочарувањето откако беше спречен да учествува на Австралија опен, каде требаше да атакува на јубилејната десетта титула.
Сепак, јасно е дека тогаш главата беше жешка и дека на најдобриот тенисер на светот се му поминуваше низ глава.
Веќе на аеродромот во Дуаби му се појави насмевка на лицето, па постои реална можност Ѓоковиќ да ја промени својата одлука и сепак да каже се што мисли за тортурата и невидениот скандал што се случи во Австралија, каде беше добредојден гостин во претходните години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…
Македонската партија во Србија застана зад Студентската…
Македонската партија на Србија јавно ја поддржа…