(Фото) Повеќе од 30 функционери на СДСМ побараа оставка од Филипче по дебаклот во Брвеница: СДСМ не е ничија приватна сопственост, мора да има одговорност!

t

Повеќе од 30-тина поранешни и актуелни истакнати членови на СДСМ побараа оставка од Венко Филипче, но најекстензивен беше поранешниот градоначалник на Општина Лозово и актуелен координатор на СДСМ за општинските организации, Ацо Велковски, упати остра јавна порака до партискиот претседател Венко Филипче, во контекст на незадоволството и барањата за оставка во партијата.

Во обемната објава на Фејсбук, Велковски обвинува за поделби, премолчување и недостиг од одговорност. Тој нагласува дека проблемите се подлабоки од еден изборен резултат, а истовремено изразува подготвеност да преземе одговорност за обединување и повторно организирање на партијата.

Неговата објава ја пренесуваме во целост:

„ДО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, ДО ЧЛЕНОВИТЕ, ДО СИМПАТИЗЕРИТЕ И ДО СЕКОЈ ЧОВЕК КОЈ СÈ УШТЕ ВЕРУВА ВО СДСМ!

Почитуван претседателе Венко Филипче,

До кога ќе молчиме? До кога ќе се правиме дека сè е во ред, додека луѓето што со години ја градеа оваа партија ја губат вербата, достоинството и надежта? До кога ќе гледаме како се распаѓа нешто за што генерации наши членови се бореа со срце, со идеал и со огромни лични жртви?

СДСМ не е ничија приватна сопственост. СДСМ е идеја, историја, вредност и дом на илјадници луѓе кои верувале дека оваа партија може да донесе подобра иднина за Македонија.

А денес, наместо надеж, меѓу многу наши членови има разочарување. Наместо единство — поделби. Наместо јасна визија — неизвесност. Наместо одговорност — премолчување.

И за тоа мора да има одговорност!

Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од еден изборен резултат.

Претседателе Филипче, на СДСМ не му се потребни оправдувања. Му требаат храброст, визија, одговорност и лидерство што ќе ја врати довербата кај сопствените членови, а потоа и кај граѓаните.

Но, ова не е порака за предавање. Ова е порака дека СДСМ не смее да заврши вака!

До секој член и симпатизер на СДСМ сакам да порачам: не дозволувајте разочарувањето да ја убие надежта. Не дозволувајте внатрепартиските пресметки да нè претворат во луѓе што повеќе не си веруваат едни на други. Не дозволувајте личните суети да бидат поважни од иднината на партијата.

Ние не сме непријатели едни на други. Ние сме луѓето што треба повторно да седнат на иста маса, да си ги подадат рацете и да ја вратат вербата дека можеме да направиме нешто големо.

Јас не сакам да бидам дел од распадот на СДСМ. Сакам да бидам дел од неговото повторно раѓање!

И затоа денес отворено го кажувам она во што верувам: подготвен сум да преземам одговорност, да ја обединам партијата и да работам на создавање нова, силна и организирана социјалдемократска сила.

Сакам и можам да ги спојам луѓето што се разочарани, оние што се чувствуваат отфрлени, оние што се повлекоа во тишина, но и оние што никогаш не престанаа да веруваат во идеалите на СДСМ.

Не ветувам чуда. Ветувам работа, искреност, отчетност и борба за секој член, за секоја општинска организација и за секој граѓанин што очекува од нас да бидеме вистинска алтернатива.

Не ми треба партија во која сите ќе мислат исто. Ми треба партија во која различните мислења ќе бидат сила, а не причина за пресметки. Партија во која способните ќе добијат шанса, во која младите ќе имаат иднина, а искусните членови ќе го добијат заслуженото почитување.

СДСМ мора повторно да стане партија што обединува, а не партија што ги губи своите луѓе.

Верувам дека можеме да изградиме силна опозиција, со јасна програма, теренска организација, чесни луѓе и храброст да се соочиме со секој проблем. Опозиција што нема само да критикува, туку ќе нуди решенија. Опозиција што ќе ја врати довербата и ќе се подготви сериозно да победи на следните парламентарни избори.

Можеби денес сме разочарани. Можеби сме поделени. Можеби многумина веќе не веруваат дека СДСМ може да се исправи.

Но јас верувам дека може!“

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Повеќе од 30 функционери на СДСМ…

Повеќе од 30-тина поранешни и актуелни истакнати…

МНР со жестока реакција на бугарските провокации:…

Во Министерството за надворешни работи и надворешна…

МНР го обвинува Радуков дека се меша…

Денеска, во Министерството за надворешни работи и…

Мајка бара итна реакција од институциите откако…

Скопјанка на социјалните мрежи сподели дека три…

Ужас: Ја силувал сопругата, па ја претапал…

Маж од Кичево е пријавен за силување…