МНР со жестока реакција на бугарските провокации: Бугарскиот амбасадор повторно повикан на разговор во министерството
Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска бил повикан претставник на Амбасадата на Република Бугарија, кој во отсуство на амбасадорот Желјазко Радуков ја извршува функцијата вршител на работи.
На средбата, како што соопшти МНРиНТ, било изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна.
Од МНРиНТ изразуваат незадоволство и од изјавата на амбасадорот Радуков за бугарската телевизија БТВ оценувајќи ја како директно мешање во внатрешните работи на нашата држава имајќи ги предвид изнесените квалификации во однос на работата на надлежните институции.
– Од наша страна беше особено нагласено дека ваквите провокации го оддалечуваат билатералниот дијалог од рамката во која треба да се развиваат добрососедските односи – врз основа на меѓусебно почитување, воздржаност и конструктивна комуникација – се наведува во соопштението од Министерството.
Во тој контекст, било укажано дека ваквото однесување може да наметне потреба од соодветна институционална реакција во согласност со одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи, која јасно ги утврдува рамките на дипломатското дејствување и принципот на немешање во внатрешните работи на државата на прием.
– На крајот од средбата уште еднаш беше нагласена нашата посветеност на развојот на добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, при што истата посветеност и одговорност ја очекуваме и од бугарската страна – се наведува во соопштението од МНРиНТ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…