(Фото) Продолжуваат провокациите од Софија: Бугарски бот акаунти на социјалните мрежи се закануваат со апсење на Мицкоски од страна на бугарската држава

t

На социјалните мрежи се појавија координирани објави со тврдења и заканувачки пораки дека македонскиот премиер Христијан Мицкоски би можел да биде уапсен од бугарските власти.

На социјалната мрежа Икс, профилот „Good Will Hunting“ е објавena монтирана слика на која Христијан Мицкоски е прикажан со лисици на рацете, опкружен со бугарски полицајци, со порака за негово приведување од Скопје во Софија.

„Кога Мицкоски ќе биде доведен од Скопје во Софија за да одговара?“ — гласи натписот на бугарски јазик поставен врз сликата.

Во заднината се прикажани патоказ за Скопје, македонското знаме и зградата на Судската палата во Софија, додека во преден план е визуелно конструирана сцена на апсење. и контекст.

Во придружниот текст, авторот се повикува на Симеон Втори, синот на Борис Трети, и ја употребува формулацијата „цар на Бугарите од Мизија, Добруџа, Тракија и Македонија“. Објавата содржи и навредливи квалификации, а завршува со зборовите „Кога ќе му дојде времето“.

Објавата доаѓа во период кога Агенцијата за национална безбедност веќе соопшти за активности против пропагандни мрежи што поттикнуваат македонско-бугарски тензии и дејствуваат во корист на руски интереси.

Во соопштение од 4 март 2026 година, АНБ наведе дека надлежните институции презеле мерки против лица што преку пропагандни материјали и фејсбук-страницата „Историски податоци за Македонија“ ширеле содржини за поттикнување национална и етничка омраза. Според Агенцијата, дејствувале по насоки на бугарски државјанин кој користел социјални мрежи и бот-мрежа од информативни портали за создавање нетрпеливост меѓу македонските и бугарските граѓани и поткопување на евроинтегративните процеси.

Потоа, на 1 октомври 2026 година, АНБ објави дека во координација со МВР и Обвинителството продолжува со попречување пропагандна мрежа во функција на руските интереси. На 18 септември бил претресен домот на македонски државјанин поради сомневања за предизвикување омраза, одавање службена тајна и ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем. Биле одземени предмети за вештачење.

Според АНБ, мрежата користела клонирани псевдопортали со македонски интернет-домени за ширење дезинформации, поткопување на довербата во институциите и разгорување етнички и национални поделби. Агенцијата ја поврза со регионални проруски политички структури, без јавно да ги именува лицата и порталите.

Истражувањето на „360 степени“ ја поврзува оваа структура со Фондацијата „Македонија“ од Софија и Виктор Стојанов. Медиумот документирал најмалку пет фејсбук-страници на македонски јазик, управувани од Бугарија, кои преземале идентични содржини од повеќе портали. Оваа идентификација е медиумски наод, а не јавно именување од АНБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Продолжуваат провокациите од Софија: Бугарски бот…

На социјалните мрежи се појавија координирани објави…

Пленковиќ: Две држави членки на Европската Унија…

Две држави членки на Европската Унија ѝ…

Километарски редици за гориво на Бали: Индонезија…

Долги редици автомобили и мотоцикли, повеќечасовно чекање…

Иран наредил целосна воена мобилизација и највисока…

Иран наредил целосна воена мобилизација и ставање…