Герасимовски: Ќе ги помирува Венко и реформаторитe
„Моја заложба и цел е да ги помирам спротивставените страни. Добро е за секоја партија да има различни ставови, но тоа треба да нè прави посилни. На крајот на денот треба да седнеме сите на маса, да се обединиме и да тргнеме во победа“, изјави Герасимовски во синоќешното гостување на Сител.
Тој оцени дека за надминување на разликите е потребна волја од сите страни и нагласи дека комуникацијата со дел од членовите на Платформата продолжува.
„Се согласувам дека двете страни си испратија неубави пораки, но треба да се дискутира за сè. Поголемиот дел од Извршниот одбор и партиските функционери можат да дојдат до заеднички јазик, но треба волја за тоа“, посочи тој.
Герасимовски додаде дека со дел од луѓето во Платформата и натаму има другарски однос.
„Другарот Игор Ивановски, на пример, беше дел од мојот победнички штаб за изборите и многу ни помогна во победата. И другите се наши членови и, покрај различните ставови, можеме да се најдеме на иста линија“, истакна Герасимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимовски: Ќе ги помирува Венко и реформаторитe
„Моја заложба и цел е да ги…
Километарски редици за гориво на Бали: Индонезија…
Долги редици автомобили и мотоцикли, повеќечасовно чекање…
Иран наредил целосна воена мобилизација и највисока…
Иран наредил целосна воена мобилизација и ставање…
Николоски: На времето беше Спаска Митрова, сега…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Нејасни пораки од Брисел за проширувањето на…
Европскиот совет ја одржа долгоочекуваната стратешка дискусија…