(Фото) Силни полициски екипи и инспектори „го тероризираат“ Кочани – На разговор повикан и родител на жртва во трагедијата!
Полициски екипи, Управа за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат и останати инспекции денеска „го тероризираат“ Кочани.
Локалното население се чувствува исплашено и велат дека овие екипи влегуваат во ресторани, кафичи и останати дуќани и скоро секаде пишуваат казни. Како што велат луѓето, се врши притисок, што ќе резултира со затворање и на она малку што работи по трагедијата.
Зошто и полицијата и останатите институции решија да започнат со вакви контроли останува нејасно.
По трагедијата на 16 март во која загинаа 62 лица, во Кочани престанаа да работат голем дел од дуќаните, особено угостителските објекти. Самиот град не функционира како што функционираше пред тој кобен ден. Ваквите притисоци ќе го уништат малиот број на дуќани кои се уште работат, реагира населението.
Меѓу останатит, на разговот во полициска станица е повикан и родител на жртва во пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…