Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на донации за изградба на меморијален парк „Патека на бесконечноста“

t

Со цел споменот на 63-те загинати во трагедијата од 16 март 2025 година во Кочани да продолжи да живее и за идните генерации, семејствата преку Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“ започнаа јавен повик за донации за изградба на меморијален парк под името „Патека на бесконечноста“.

Станува збор за иницијатива на семејствата на загинатите, чија цел е создавање достоинствено спомен-обележје посветено на 63-те млади животи. Меморијалниот парк е замислен како место за тишина, молитва и сеќавање, каде што имињата на загинатите ќе бидат зачувани и за идните генерации.

Од Здружението велат дека основниот проект веќе е изработен, а следниот предизвик е обезбедување средства за неговата реализација. Затоа упатуваат апел до граѓаните, компаниите, институциите и организациите во земјава и странство да се вклучат во иницијативата.

„Не е важна големината на донацијата. Важна е човечноста што стои зад неа. Секој придонес ќе биде чекор поблиску до местото каде што спомените ќе живеат, а љубовта ќе продолжи да зборува“, порачуваат од Здружението.

Оттаму посочуваат дека „Патека на бесконечноста“ не е само проект за изградба на меморијален парк, туку и завет на семејствата дека имињата, соништата и споменот на нивните најблиски никогаш нема да бидат заборавени.

Во рамки на повикот се објавени и податоци за уплата на донации во денари и девизи.

Донации во денари:

Примач: Здружение на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“
Банка: УНИБанка АД Скопје
Наменска сметка: 240130121745838
Назнака: Донација за „Патека на бесконечноста“
Донации од странство:

Beneficiary: ZDRUZENIE 16TI MART 2025 KOCANI
IBAN: MK07240130121745838
SWIFT/BIC: UIBMMK22XXX
Bank: Universal Investment Bank AD Skopje (UNIBANK)
Payment reference: Donation – Path of Infinity Memorial Park
Од Здружението повикуваат граѓаните да ја поддржат иницијативата, нагласувајќи дека сеќавањето на 63-те загинати е одговорност на целото општество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Голем пожар во автобуска компанија во Кочани

Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…