Франција ја совлада Полска на отворањето на СП во ракомет
Во премиерниот натпревар на Светското ракометно првенство репрезентацијата на Франција вечерва во рамки на групата Б во Катовице со 26-24 (14-13) ја совлада Полска, која заедно со Шведска е домаќин на завршниот турнир.
Двете репрезентации се менуваа во водство до средина на првото полувреме кога актуелниот олимписки првак Франција при резултат 8-8 нанижа четири голови во серија и стекна предност од четири голови.
Со поддршка од домашната публика Полска успеа да ги консолидира редовите во продолжението и на полувреме да замине со гол негатива.
Кодомаќинот на Светското првенство во вториот дел неколку пати го израмнуваше резултатот, последен пат на десет минути пред крајот (21-21), но Франција повторно влезе во серија и со три последователни голови стекна недостижна предност.
Утре на програмата се натпреварите Чиле – Иран, Јужна Кореја – Унгарија, Саудиска Арабија – Словенија, Зеленортски Острови – Уругвај, сите со почеток од 18 часот, додека од 20:30 часот ќе играат Исланд – Португалија, Шпанија – Црна Гора и Шведска – Бразил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден висок полициски функционер во Србија…
Шефот на Службата за борба против организиран…
Расправија меѓу Филипче и Тајко Славевски за…
Во однос на објавената информација со изјавата…
Стуб го демантира „Фајненшел тајмс“ за разговорот…
Финскиот претседател Александар Стуб ги демантираше извештаите…
„Долу диктатурата“: Вечерва во Тирана повторно антивладин…
Во Тирана вечерва повторно се одржа антивладин…
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…