ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на терористички напад во московскиот музеј „Царицино“
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно со Руската гарда, Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет, ги проверила информациите добиени од САД за подготовка на терористички напад во московскиот музејски комплекс „Царицино“, соопшти Центарот за односи со јавноста на ФСБ.
„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација, заедно со Руската гарда, Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет на Русија, ги проверила информациите добиени од американските органи за спроведување на законот за подготовка на терористички напад во Москва, на територијата на музејскиот комплекс ‘Царицино’“, се наведува во соопштението.
Во рамките на спроведените мерки бил приведен малолетник.
„Приведен е малолетен руски државјанин кој на платформата за кратки видеа ТикТок објавил фотографии на кои е облечен во маскирна облека, со фантомка, капа, очила и слушалки, држејќи предмет налик на автоматско оружје. Тој објавил и фотографии направени во музејскиот комплекс ‘Царицино’, со натпис: ‘I found a place’ (‘Најдов место’)“, соопштија од ФСБ.
Руската Федерална служба за безбедност ѝ се заблагодари на американската страна за доставените информации за подготовката на терористичкиот напад во Москва.
ФСБ претходно соопшти дека од американската страна добила информации за подготовка на терористички напад во руската престолнина и дека се преземаат соодветни мерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…
(Видео) Украински дронови го погодија рускиот рафинериски…
Голем пожар избувна во рафинеријата за нафта…
Иранската војска ги предупреди САД: Новата војна…
Портпаролот на иранската војска, бригадниот генерал Мохамед…
Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…
„Новаја газета“, еден од историските симболи на…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…