Фудбалска еуфорија во Македонија: Навивачите ги ,,разграбаа” билетите за понеделничкиот дуел со Бугарија!
Голема фудбалска еуфорија владее во Македонија, а како и да не владее кога во понеделник на гости, на фудбалски натпревари ни доаѓа соседот, Бугарија.
Голем интерес има за овој натпревар кај ,,црвено – жолтите” навивачи кои ги ,,разграбаа” билетите за дуелот од Лигата на Нации. Според неофицијални информации, досега се продадени големи број на билети, а до крајот на оваа недела (можеби и нешто порано) очекуваме целиот стадион, барем оние билети кои беа пуштени во слободна продажба да бидат целосно распродадени.
Да потсетиме дека Македонија и Бугарија одиграа еден натпревар од овие квалификации. Дуелот во Разград заврши без победник. Инаку, за сите оние кои сакаат да дојдат до билети за натпреварот, еден човек може да купи најмногу четири билети со приложување на лична карта. Билетите се по цена од 250 и 350 денари.
Дуелот Македонија – Бугарија се игра во понеделник со почеток од 20-45 часот на нашиот најголем стадион.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инвеститорите губат интерес за грчките „златни визи“…
Речиси половина од важечките дозволи за престој…
Словачка предлага забрана за социјални медиуми за…
Словачката влада одобри нацрт-закон со кој би…
Насилник од Дебарско ја заклучил сопругата дома…
Жена од село во општината Маврово и…
Симов: „Да бидеш против дата центар е…
Не стивнува прашината која се крена за…
Трагедија во Исламабад: 14 новороденчиња загинаа во…
Пожар предизвикан од експлозија на клима-уред усмрти…